Home Актуелно Несмасен и бизарен коментар на Заев: „Што треба, сите да се посипеме со пепел или со бензин и да се запалиме“?

Несмасен и бизарен коментар на Заев: „Што треба, сите да се посипеме со пепел или со бензин и да се запалиме“?

На новинарско прашање околу начинот на изградба на модуларната болница во Тетово, македонскиот премиер Зоран Заев истакна дека модуларните болници не се поставуваат со дозвола за градба туку со решение за поставување.

„Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба, статики, локациски услови како што се градат сите болници. Овде имаме времени модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола“, посочи Заев.

Премиерот додава дека со слична постапка се поставуваат и масите пред кафулиња.

На новинарско прашање околу отворена кутија за струја во близина на модуларната болница, Заев вели дека можеби била отворена од граѓанин, или пак некој од работниците ја оставил, а потоа додава „И што треба сега, сите да се посипеме со бензин и да се самозапалиме?“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…