Неприкосновени кралеви на светскиот ракомет: Данците трет пат по ред станаа светски шампиони


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Данска испишна нова страницна светскиот ракомет откако ја одбрани круната совладувајќи ја моќната Франција со 34-29 во финалето од Светското ракометно првенство. Со ова Данците направија нешто што не му успеало на никој досега – третпат по ред станаа светски шампиони.

Данска покажа дека е доминанта сила во ракометот освојувајќи три светски првенства едно по друго. Денеска селекцијата предводена од Николај Јакобсен ја клекна на колена Франција.

Данците водеа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојдоа до големиот триумф.

Во текот на првото полувреме Данска имаше највисоки пет разлика, 12-7, но Франција се врати и на одморот замина само со еден негатива, 16-15 беше за Данците.

Франција дојде до 17-17, на почетокот од второто полувреме, но не успеа да направи ништо повеќе. Данска имаше моќен финиш на мечот и на крајот дојде до убедлив триумф од 34-29.

Ова е трета светска титула за Данска во шестото финале и првпат некоја репрезентација да освои три мундијали едноподруго. Французите го освоија второто сребро во осмото финале и со 12. трофеј од светските првенства се изедначи со Шведска, како најдекорирана нација.

Лауге Шмид со 10 голови од 11 шута беше најдобриот поединец кај Данска, Питлик постигна девет голови, во составот на Франција, Ремили даде шест погодоци.