Home Актуелно Ненадејно и тивко замина еден голем човек: Почина конзерваторот Ристо Палигора

Ненадејно и тивко замина еден голем човек: Почина конзерваторот Ристо Палигора

Во Битола, вчера, на 57-годишна возраст, почина истакнатиот историчар на уметноста и козерватор од Битолскиот музеј, Ристо Палигора.

Ристо Палигора беше несебичен соработник со новинарите, а најчесто истражуваше и пишуваше за македонските цркви и манастири, за зографите и иконите. Во последното интервју за МИА, Палигора говореше за деветте цркви и ретките икони во селото Велушина. Неговата професионална кариера заврши со неговото последно авторско дело, монографијата за влашката црква „Св. Константин и Елена“, промовирана пред еден месец во овој град.

Ристо Палигора беше активен член, а во еден мандатен период и претседател на Комуната на Власите „Браќа Манаки“ во Битола.

Погребот на Ристо Палигора ќе биде извршен денес, на Светонеделските гробишта во Битола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…