Нема зима за него: Марк го „издува“ Бафет – сега е трет најбогат човек на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од татковците на планетарно популарната социјална мрежа Фејсбук, Марк Зукерберг, надминувајќи го според проценката на личното богатство инвеститорот Ворен Бафет, стана трет најбогат човек на светот, според податоците на „Блумберг“.

Агенцијата се повикува на својот „Индекс на милијардери“. Марк Зукерберг го надмина инвеститорот Ворен Бафет. Ова стана можно откако цената на акциите на Фејсбук се зголемија за 2,4%.

Првите две места ги држат претседателот на Амазон, Џеф Безос, и ко-основачот на Мајкрософт – Бил Гејтс.

Богатството на 34-годишниот Зукерберг е проценето на 81,6 милијарди долари.

Финансиската состојба на Џеф Безос изнесува 142 милијарди долари, а таа на Бил Гејтс – 94,2 милијарди долари.