Home Шоубизнис Нема цензура за „Ругање со Христос“ – филмот може слободно да се прикажува

Нема цензура за „Ругање со Христос“ – филмот може слободно да се прикажува

Со поднесокот кој Државното правобранителство на Република Македонија го достави до Основниот суд Скопје 2, се повлекува предлогот за изрекување времена мерка за забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос“ од режисерот Јани Бојаџи, кој изминатиов период крена голема јавна и медиумска прашина поради неговата содржина и тематска разработка.

„Ругање со Христос” – дебитантски игран филм по сценарио и режија на Јани Бојаџи побуди контроверзи откако Министерството за култура оцени дека е навредлив за македонската јавност и дека има спорен политички контекст, по што беше побарано од државниот правобранител да го суспендира.

„Поради поголемата заинтересираност на медиумите во врска со предметот ВПП – 250/18, ве известуваме дека на ден 8 октомври 2018 година до Основниот суд Скопје II Скопје, доставен е поднесок од страна на Државно правобранителство на Република Македонија за повлекување на предлогот за изрекување на привремена мерка“, соопшти Судот, откако Државниот правобранител во неделата најави дека предлогот ќе биде повлечен.

Контроверзноста околу филмот се зголеми откако на истиот ден на македонската премиера на филмот во петокот во рамките на фестивалот „Киненова“ во кино Милениум беше приведен таткото на Бојаџи во Струмица за манипулација со артефакти како дел од широка полициска акција.

Вечерва филмот треба да продолжи да се прикажува во Штип, а потоа и во Прилеп. Изработен е со средства доделени како ко-продукција од Агенцијата за филм во 2016-та.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…