Home Актуелно Нема плата, нема мир: Новинарите од МПМ продолжуваат со штрајкот

Нема плата, нема мир: Новинарите од МПМ продолжуваат со штрајкот

Нема плата, нема мир, со оваа парола новинарите од трите весници на Медиа Принт Македонија го продолжуваат штрајкот. Тие вчера го радикализираа бојкотот на работното време со свирежи и транспаренти.

Работиме за плата, Потпис не ви ставаме, Кај ви е пикадото, се дел од пораките кои новинарите на Дневник, Утрински весник и на Вест што ги упатија до менаџментот.

Медиумските работници штрајкуваат поради неисплатените плати и придонеси. компанијата сеуште им должи исплати на дописниците, а јануарската плата ја немаат добиено иако бараа таа да биде исплатена најдоцна до 15 месецов. Менаџментот на МПМ не се произнесе за штрајкот на дел од новинарите, ниту пак прифаќа да преговара со нив.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…