Home Актуелно Нема одење по шалтери и банкомати: Две германски банки ја укинуваат употребата на кеш

Нема одење по шалтери и банкомати: Две германски банки ја укинуваат употребата на кеш

Германските Volksbank и Raiffeisenbank планираат да ги откажат трансакциите во готовина во сите свои филијали од 1 декември оваа година.

„Уплатите и исплатитево филијалата (шалтер и банкомат) повеќе нема да бидат можни во иднина“, се вели во писмото што клиентите го добиле од Raiffeisenbank Hochtaunusa.

Финансиската институција која припаѓа на Volksbank во основа целосно ги суспендира операциите со готовина за клиентите.

Како што велат од Рајфајзенбанк, готовинските плаќања и самиот готовински промет со години постојано се намалуваат, што е видливо и на банкоматите.

„Неодамна имавме само двајца посетители на час“, објаснува Ахим Брунер, извршен директор на Рајфајзенбанк, а пренесува порталот Бонитет.

Бидејќи конкретното однесување на клиентите значително се промени во последниве години, Volksbank и Raiffeisenbank сакаат да ги пренасочат плаќањата во дигиталниот сектор.

Брунер, исто така, смета дека затворените места не треба нужно да доведат до загуби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…