Home Шоубизнис Нема ниту цент од милионите на Тарантино за неговата мајка – еве ја причината за тоа

Нема ниту цент од милионите на Тарантино за неговата мајка – еве ја причината за тоа

Славниот американскиот режисер, сценарист, продуцент и актер Квентин Тарантино откри дека на никаков начин финансиски не ја помага својата мајка бидејќи таа ги исмевала неговите писателски способности.

Тој е награден со Оскар и денес „тежи“ 120 милиони долари. Меѓутоа, од својата 12-годишна возраст се заколнал дека нема да ги подели парите со неговата мајка, која сега има 72 години. Тој сѐ уште се придржува до тие одлуки.

Гостувајќи во подкастот „Момент“, Тарантино се потсетил на деталите како таа ги поддржувала наставниците кои го прекориле за пишување на едно сценарио.

Мајка му уште одамна неговите вештини за пишување ги нарекувала глупости, а тој тогаш ѝ одговорил дека нема да види ниту цент од неговиот успех во иднина.

Тарантино ја започна својата кариера како независен режисер со објавувањето на „Reservoir Dogs“ во 1992 година, кога доби пофалби од критичарите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …