Home Спорт Нема ни 20 години, а веќе 150 настапи за Милан: „Росонерите“ го слават Донарума (видео)

Нема ни 20 години, а веќе 150 настапи за Милан: „Росонерите“ го слават Донарума (видео)

Иако се уште нема наполнето 20 години, Џанлуиџи Донарума синоќа го запиша 150-от настап во дресот на Милан.

Со тоа Донарума влезе меѓу 10-те голмани со најмногу настапи во историјата на миланскиот гигант.

Колку е ова големо постигнување покажува и фактот што ниту легендарниот Паоло Малдини немал 150 настапи за Милан на 19 години.

Поради овој јубилеј, Милан публикуваше видео со 150 одбрани на Донарума, кој несомнено е иднина на „росонерите“ и италијанската репрезентација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…