Home Актуелно Неколку случаи на исчезнати лица во Македонија

Неколку случаи на исчезнати лица во Македонија

Во четири одделни случаи вчера во полицијата се пријавени за исчезнати четири лица.

Вчера во 8.30 часот во полициската станица-Гази Баба, Б.П. (73) од скопското село Црешево, пријавил дека на 4 август во 12 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син С.П. (35).

Во полициската станица Тетово, С.Р. (74) од Тетово пријавил дека на 3 август околу 10 часот од дома излегла неговата сопруга М.Р. (50) и се упатила на пазарот во Тетово и не се вратила дома. Таа не била достапна и на мобилниот телефон.

Додека во 11 часот во полициската станица-Кавадарци, К.Н. (38) од с.Сопот пријавил дека на 8 август од 11 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот брат С.Н.(36) од с.Сопот. Тој со автобус заминал во Кавадарци и не се вратил дома.

Вчеравечер во 21.30 часот во полициската станица-Чаир, З.Р. (54) од Скопје пријавил дека на 08.08.2017 година околу 11 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Р.А. (28).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…