Некои пушачи ја доживуваат и 100. година – Експертите дадоа одговор зошто тоа е така!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сите луѓе кои пушат цигари знаат дека поради оваа ужасна навика здравјето им е загрозено и да ризикуваат прерана смрт.

Меѓутоа, некои пушат и покрај таквиот ризик. Американските експерти открија дека некои пушачи доживуваат длабока старост иако пушат, а за тоа можат да им се заблагодарат на гените.

Научниците долго ги проучуваа пушачите кои долго живеат и приметија дека една работа им е заедничка, а тоа гените на долговечност. Ним тие гени им овозможуваат да бидат поотпорни на штетните материи од цигарите, но и воопшто на останатите загадувања околу нас.

Тие кои имаат такви гени имаат воедно и 11% помали шанси да добијат некоја вид на рак.

„Кај долговечните пушачи откривме низ генетските маркери, кои се исти како и маркерите кај луѓето кои доживуваат длабока старост, а не се пушачи. Тие гени функционираат така што постигнуваат безо закрепнување на келиите и прават подобра отпорност на низата штетни учиноци на кои лушето се изложени, вклучувајќи го и пушењето“, истакна научникот Морган Левин.

Современата историја забележа илјада пушачи кои доживуваат слабока старост, како Французинката Жан Келмон, која почина во 122. година, а од 21 година од својот жуивот секој ден пушела по една кутија цигари.

Ова секако не значи дека не треба да престане со пушење, но како што наведуваат експертите на големо зависи од гените. Во просек велат пушачите живеат десеттина години пократко од непушачите.