Некогаш „спиеше на пари“, денес одвај преживува и не личи на себеси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кејт Фишер во ’90-те години беше една од најпопуларните австралиски топ модели. Откако се омажи за милијардерот Џејмс Пакер, убавата манекенка имаше сè: пари, убавина и слава, но нејзината среќа во меѓувреме тргна надолу, пишува Daily Mail.

„Го имав светот под нозе, но не бев свесна за тоа“, вели Кејт која денес се вика Ципорах Малках и одвај преживува на финансиски план.

Од богатиот маж се разведе во 1998 година, после што се пресели во Лос Анџелес и почна да ги троши парите кои останаа од разводот. Иако поседуваше убавина и име кое беше прославено во Австралија, сепак не успеа да се пробие на американскиот пазар.

На својот љубовник му го доверила управувањето со финансиите, но тој ја измамил и побегнал со нејзините пари.

После тоа се врати во Австралија, но бидејќи не била во најдобри односи со својата мајка, завршила во прифатилиште за бездомници.

Денес има нов дечко, но нејзината финансиска состојба и понатаму е прилично лоша, а од нејзината славна убавина нема многу останато на неа.