Home Спорт Нејмар највреден фудбалер на светот, Роналдо го нема во Топ 10

Нејмар највреден фудбалер на светот, Роналдо го нема во Топ 10

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар во моментов е фудбалер со најголема вредност и е проценет на 229,1 милион евра.

Проценките се направени на основа на многу параметри, како годините на играчоте, должината на договорот, комерцијални активности и слично.

Бразилецот се наоѓа пред клупскиот колега Килијан Мбапе кој е проценет на 215 милиони евра, додека на третото место е Лионел Меси со вредност од 203,3 милиони евра.

На четврто место е ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах со вредност од 168,3 милиони, а потоа следуваат Хари Кејн (151,1 милион) и Еден Азар (148,2 милиони).

Во Топ 10 се уште Кевин де Брујн (129,4), Антоан Гризман (125,6), Пол Погба (119,3) и Филипе Кутињо (118,2) милиони евра.

Ѕвездата на Јувентус Кристиано Роналдо се наоѓа на 12-то место и е проценет на 107,3 милиони евра.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…