Home Спорт Нејмар му нареди на сопственикот: Овој играч да го донесеш во ПСЖ

Нејмар му нареди на сопственикот: Овој играч да го донесеш во ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сент Жермен наводно имал средба со сопственикот на клубот и му порачал да го доведе неговиот сонародник од Ливерпул, Филипе Кутињо.

Кутињо ова лето долго кокетираше со Барселона, но на крајот трасферот не се реализираше и Бразилецот остана на „Енфилд“.

Француските медиуми тврдат дека ПСЖ се вклучил во траката за Бразилецот и тоа откако Нејмар му наредил на сопстевеникот Насер Ал-Келаифи да го доведи што е можно побрзо во Париз.

Ливерпул и понатаму е на својот став дека 25-годишниот играч за врска не е на продажба, но Барса и ПСЖ ќе се обидат да го донесат уште во јануари.

Кутињо блеска и оваа сезона за „црвените“ и постигна два гола во три лигашки натпревари, а се најде и меѓу 30-те кандидати за „Златна топка“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…