Негативно владино мислење за предлог-законот за амнестија за „крвавиот четврток“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На седницата која се одржа денес, Владата на Република Македонија изрази негативен став и мислење за предлог-законот со кој се предвидува амнестија за дел од обвинетите за „крвавиот собраниски четврток“.

„На оваа своја седница Владата донесе негативно мислење за предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението на владината прес-служба.