Home Вебкафе Не се расфрлајте со „лајкови“ на Фејсбук, ви ја откриваат интимата повеќе од што мислите

Не се расфрлајте со „лајкови“ на Фејсбук, ви ја откриваат интимата повеќе од што мислите

Психологијата на „масовно убедување“ со онлајн кампањите, покажува дека конкретно тие ја зголемуваат продажбата на производот за дури 50 отсто.

Во експеримент, кој опфатил 3,5 милиони луѓе, научниците го анализирале „лајкот“ на корисникот на Фејсбук, за да „влезат“ во неговата психолошка трага – било да се работи за интровертна или екстровертна личност.

Истражувачите на тој начин покажаа колку тој мал „дигитален отпечаток“ од корисникот може и тоа како да влијае на рекламата која подоцна му се презентира токму нему.

Се почна од огромна база „лајкови“ на милион анонимни корисници на Фејсбук. Оние кои ја „лајкувале“ Лејди Гага, на пример, се оквалификувани како поекстровертни, а оние кои ја „лајкувале“ серијата „Старгејт“ – како поинтровертни.

Рекламите подоцна се креирани токму според овие карактеристики, а одѕивот бил неверојатен. Една реклама била видена од над три милиони луѓе, а 20 отсто од нив и го купиле производот.

А, сево ова покажува и дека се што правите на социјалните мрежи, се следи од повеќе луѓе, отколку што мислиме.

Сакам да играм блекџек. Не сум навлечен на коцкање, туку само на седење во полукруг“ – Мич Хедберг

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…