Home Актуелно Не го дава престижниот статус: Безос останува најбогат човек на светот

Не го дава престижниот статус: Безос останува најбогат човек на светот

Извршниот директор и основач на гигантот „Амазон“, милијардерот Џеф Безос ја заврши минатата 2019 година и ја започна новата 2020 задржувајќи го приматот најбогат човек на светот чие богатство се проценува на 115 милијарди долари.

Безос се разведе во 2019 година по 25 години брак, а тој и неговата сопруга Макензи Безос се договорија таа да ги задржи нејзините четири проценти од акциите во гигантот за интернет малопродажба. Така, Макензи Безос доби околу 37 милијарди долари и е рангирана на 25-то место на најбогатите во светот.

Според индексот за милијардери на Блумберг, кој ги следи 500-те најбогати луѓе во светот, втор е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс со 113 милијарди долари.

На третото место е Бернард Арно со 105 милијарди долари. Арно е најбогатиот Французин и генерален директор на LVMH, кој контролира речиси половина од добро познатиот француски моден ланец, во кој освен „Луј Витон“ има и други светски познати брендови.

По него следува американскиот инвеститор Ворен Бафет со 89,3 милијарди долари, додека основачот на Фејсбук, Марк Закерберг е на петтото место со 78,4 милијарди долари.

Мексиканскиот магнат Карлос Слим го зазеде 11-то место со 60,2 милијарди долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Кара Делевињ откри како Тејлор Свифт ја поканила во спотот за „Patient Zero“

Кара Делевињ раскажа како добила покана од долгогодишната пријателка Тејлор Свифт да се по…