Не е само најди ја нафтата: Како и зошто Норвешка стана ненормално богата земја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


При крајот на 18-от век економистот Томас Малтус прави тура низ Норвешка, после која дава опис како да посетил некоја од Балканските земји во тоа време: сиромашен и необразован народ, без никаква патна поврзаност и лошо земјоделство. Денешниот опис на земјата ви е познат.

Од времето на Малтус до денес се случуваат две важни работи за Норвешка.

Прво, главно (ама не и по секоја цена најбитно) земјата открива нафта.

Второ, земјата успешно ја прележува „нафтената клетва“ и наместо да тргне по патот на Венецуела или Либија, и инстантно да се уништи себе и економијата заради напливот на нафтени приходи, таа успешно ги дели парите меѓу својот народ, а нафтата останува ресурс на секој Норвежанец.

Освен ова, има и други работи што Норвежаните ги имаат погодено и стигнале денес да се тоа што се.