Home Спорт Не е само Интер – ПСЖ спрема богатство за Симеоне!

Не е само Интер – ПСЖ спрема богатство за Симеоне!

На Диего Симеоне ова може да му биде последната сезона во Атлетико Мадрид, на неколку европски клубови веќе започнаа борба за неговиот потпис.

Покрај Интер, кој веќе подолго време е заинтересиран за аргентинскиот стратег, сега во трката се приклучи и богатиот Пари Сент Жермен.

„Светците“ не се задоволени од работата на Емери и готово сигурно ќе му врачат отказ на крајот на сезоната, а најголема желба е токму Симеоне.

Од „Паркот на принцовите“ веќе пристигнала понуда до Аргентинецот за тригодишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона. Притоа, ПСЖ му гарантира трансфер буџет од 200 милиони евра за да состави тим по своја мерка.

Останува да видиме дали Симеоне ќе се одлучи да го напушти Атлетико и која ќе биде неговата следна дестинација – Милано или Париз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…