Не бе, стариов ништо не го турка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, кој беше хоспитализиран пред една недела, се чувствува добро и излезе од болница, изјави неговиот внук Вилијам.

На прашањето на новинарите за здравјето на неговиот дедо за време на посетата на центар за вакцинација, принцот Вилијам одговорил дека „принцот Филип е добро, внимаваме на него“, по што намигнал.

Принцот Филип (99) бил примен во болницата Кинг Едвард VII во Лондон во вторникот вечерта.

„Тој беше хоспитализиран како претпазливост по совет на кралицата, откако не се чувствувал добро“, се вели во соопштението на палатата.

Еден извор од палатата прецизирал дека принцот немал ковид-19. Првата доза на вакцината ја примил на почетокот на јануари.

Принцот Филип се пензионира во август 2017 година и учествувал во повеќе од 22.000 официјални јавни обврски откако неговата сопруга седнала на тронот во 1952 година. Тој продолжува да ја придружува кралицата на некои јавни настапи.

Во јуни 2017 година тој бил хоспитализиран два дена за да се лекува од инфекција. Колкот го оперирал во 2018 година.

Кон крајот на 2019 година бил хоспитализиран четири дена во болницата Кинг Едвард VII. како резултат на „повторените здравствени проблеми“, како што напишале од палатата.