Home Вебкафе Не баш пријатни податоци: Децата на 11 години почнуваат со некакви диети

Не баш пријатни податоци: Децата на 11 години почнуваат со некакви диети

Деца на возраст од 11 години „прескокнуваат“ оброци и држат диети за да ослабнат и сметаат дека тоа е здраво, покажуват резултатите од една студија.

Ова истражување покажа дека децата се повеќе се вртат кон болегрите и Инстаграм ѕвездите, барајќи од нив совети што да јадат за да ги намалат килограмите.

Едно од пет деца на возраст од 11 до 14 години смета дека „прескокнувањето“ на еден оброк дневно е здраво.

Диетите, кои се популарни меѓу познатите личности, а подразбираат избегнување на одредени групи намирници, како јагленохидратите се популарни меѓу половина од децата на оваа возраст.

Иако децата знаат колку е важно здраво да се хранат, да јадат овошје , зеленчук, да пијат доволно вода, повеќе од половина редовно јадат пржена храна.

Една петина од децата често јадат брза храна, а речиси една четвртина немаат никакви граници кога станува збор за дневното внесување на слатки.

Една четвртина од децата, покажува ова истражување, вежбаат единствено на часовите по физичко воспитување, а на приватни часови надвор од училиште не одат „бидејќи се лоши во тоа“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…