Наутро политичар, навечер судија во Лига на шампиони


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вечерва продолжуваат натпреварите од Лигата на шампиони, а најголемата занимливост ни доаѓа од Шкотска. Станува збор за младиот, 34-годишен судија Даглас Рос.

Тој во текот на денот е пратеник во парламент, а навечер судија. Поради двете работи добива заканувачки пораки. Вчера беше во парламентот, а вечерва ќе биде помошник на „Камп Ноу“ каде играат Барселона и Олимпијакос.

„Судиската кариера ја започнав на 20 години. Најпрво им судев на деца од 14 години, а потоа чекор по чекор стигнав до Лига на шампиони. Кога ќе досудиш нешто против клубот на твоите гласачи тогаш си на црна листа. Тоа е мојата стварност, но се трудам да судам поштено“, изјави Рос.

Неговите колеги политичари често му префрлаат дека е отсутен…

„Господинот Рос како парламентарец годишно заработува 45.000 евра. Очигледно патувањето низ Европа во Мадрид, Барселона или Марсеј му е поважно од борбата за гласачите“, му префрлаат од противничката политичка партија.

„Не знам зошто другите политичари се бунат. Тие во викенд одат на пикник со семејствата, а јас судам натпревари. Тренирам секој ден, морам да бидам во форма. Да, понекогаш поради фудбалот изостанувам од работа, но тоа не е често“, вели Рос кој од судењето заработува „само“ 3.000 евра.