Научниците тврдат: Оваа песна ќе ве опушти повеќе и од масажа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според статистички истражувања, импресивни 62% од луѓето ја избираат музиката како средство за релаксирање и успивање. И тоа се базира на научно докажана причина заради која научниците препорачуваат да користите ваков начин на опуштање. Нормално, нема да ве успие баш секоја песна и поради тоа мора да направите правилна селекција на музички избор.

Звучните терапевти со бендот „Marconi Union“ направиле посебна песна која им помага на луѓето да се опуштат. Песната „Weightless“ има темпо од 60 битови во минута, а на самиот крај се спушта и до 50. Се зборува дека оваа песна опушта повеќе и од масажа.

Научниците ја тестирале песната „Weightless“, но и други релаксирачки песни.

Се разбира, можете да ја збогатите вашата листа за заспивање и да додадете песни за кои сметате дека делуваат релаксирачки. Само сетете се на правилата за темпото и бирајте смирувачки песни.