Научниците: Овој витамин помага при спречување на спонтан абортус и вродени аномалии кај бебето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само еден витамин може да помогне да се спречи развој на вродени недостатоци кај ембрионот и бебето, а тој воедно обезбедува и здрава бременост, открија австралиските научници.

Научниците велат дека ова откритие е едно од најважните во подрачјето на истражувањето на бременоста и нивното сознание ќе го трансформира начинот на кој здравството се грижи за идните мајки.

Австралиските научници истражувале 12 години зошто некои деца се раѓаат со дефекти на срцето, бубрезите или кичмата.

Откриле дека витаминот Б3, кој инаку го има во зеленчукот и месото, може да ги лечи молекуларните дефициенции кои го спречуваат растот на органите на ембрионот како и бебињата исправно да се развиваат во матката.

„Ова има потенцијал за значително да се намали бројот на спонтани абортуси и вродени недостатоци кај бебињата во светот. Овие зборови не ги кажувам туку така” – истакна биомедицинскиот истражувач професорката Сели Данвуди од Институтот Виктор Чанг за истражување на срце, во Сиднеј.

Секоја четврта жена во просек доживува спонтан абортус, додека годишно се раѓаат околу 7,9 милиони бебиња со сериозни вродени недостатоци. Секоја година умираат околу 3,3 милиони деца до пет години токму поради вродени недостатоци, најмногу срцеви, од кои е погодено секое стото бебе.

Нивните истражувања покажаа дека додавањето на витаминот Б3 во прехраната во бремени глувци целосно ги спречува спонтаните абортуси и дефекти, а бебињата се родени совршено здрави, пишува Скај њуз.

Истражувачите велат дека следен чекор е да се развие тест кој ќе идентификува кои жени се под најголем ризик да имаат бебе со вроден недостаток и потоа да им се обезбеди доволна количина на витамин Б3.

„Веруваме дека е ова големо откритие и сигурно ќе биде едно од најголемите австралиски медицински достигнувања. Многу е ретко да се најде проблемот и да се обезбеди решение во исто време. Тоа всушност е двојно откритие” – рече проф. Роберт Грахам, извршен директор на Институтот во кој е спроведено истражувањето.