Нацистичкиот ресорт од Адолф Хитлер, Прора, ќе се прави луксузно одморалиште


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Прора е крајморски ресорт на островот Риген, во Германија, познат по колосалната туристичка градба која ја изградиле таму Хитлер и нацистите.

4.9.prora1 4.9.prora2

Енормно големиот станбен комплекс беше изграден помеѓу 1936 и 1939 година. Осумте згради беа изградени со идентичен изглед, и иако беа планирани како ресорт за одмор, никогаш не беа искористени за таа намена.

4.9.prora3 4.9.prora4

Во тие три години, повеќе од 9.000 работници ги изградија објектите од цигли и бетон, во духот на volksgemeinschaft, создавајќи вистинска бетонска станбена мегаломанија.

4.9.prora5 4.9.prora6

Но, кога Третиот Рајх киниса во уништувачк воен поход низ Европа, работниците се вратија во нивните фабрики и Прора остана напуштен и запоставен. Објектот остана празен, да сведочи за пропаста за сонот на нацистите.

4.9.prora7 4.9.prora8

Тоа беше негова судбина до 2013 година, кога германската компанија Metropole Marketing ги откупи правата за обновување на Прора и изградба на луксузно летно одморалиште со апатрмански комплекси кои ќе работат преку цела година.

4.9.prora9 4.9.prora10

Тие очекуваат нивниот проект комплетно да биде завршен до 2022 година, а во него ќе бидат вклучени неколку од осумте блока на нацистичката градба, меѓу кои ќе има и Prora Solitaire Home и Prora Solitaire Hotel Apartmetnts and Spa сектори.

4.9.prora11 4.9.prora12

Блокот со апартмани во Прора беше пуште на почетокот од ова лето, а нивните цени се движат помеѓу 400.000 и 725.000 долари.

4.9.prora13 4.9.prora14 4.9.prora15 4.9.prora16 4.9.prora17 4.9.prora19