Националниот стадион во Белград кој ќе почне да се гради ќе се вика „Синиша Михајловиќ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Националниот стадион во Белград, за кој е планирано да се почне со градежни зафати следната година, најверојатно ќе го носи името „Синиша Михајловиќ“.

„Добредојдовте на стадионот Синиша Михајловиќ“, вака за неколку години би можел да звучи фудбалскиот коментатор за време на натпреварите на репрезентацијата на Србија.

Српските медиуми пишуваат дека идеја и желба за такво нешто постојат, па дури и кај фановите на ФК Партизан, а дека би можело нешто такво да се случи најави и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Видов дека некои луѓе покренале иницијатива за новиот национален стадион да го добие името по Синиша Михајловиќ. Некои луѓе ќе одлучуваат за тоа, но според мене идејата е добра – истакна Вучиќ.

Синиша Михајловиќ остави голема трага во српскиот, италијанскиот и во европскиот фудбал. Тој почина на 53-годишна возраст по тешката борба со леукемијата.