Натпросечно паметна: Малава има повисок IQ од Ајнштајн


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Малата Британка Офелија Морган-Дев ја прогласија за најпаметно дете во Велика Британија. Нејзниот коефициент на интелигенција изнесува 171. Чисто за споредба, генијот Алберт Ајнштајн имал IQ 160.

Малата Офелија го изговорила првиот збор на 8-месечна возраст, а набрзо ги совладала и бројките, боите и абецедата.

Нејзината мајка Натали сфатила дека има паметно дете, а експертите потврдиле дека девојчето е натпросечно.

Офелија се сеќава на настани што се случиле кога имала помалку од една година, што не е типично затоа што луѓето обично не се сеќаваат пред третата година.

„Таа сака со мене и со татко ѝ да чита книги, да си игра со бројки и букви на компјутер. Многу е активна, секогаш е во движење и многу е жива. Сака и да си игра со врсниците во паркот. Таа е прекрасно девојче, сè што сакам е да биде здрава и среќна“, изјави нејзината мајка за „Дејли мејл“.

Поради високиот коефициент на интелигенција, тригодишното девојче стана најмладиот член на здружението МЕНСА.

„Многу луѓе, вклучително и јас, се срамат да ги слават интелектуалните достигнувања на своите деца. Јас сфатив дека не постои разлика меѓу родителите што ги прославуваат спортските медали на своите деца, па и Офелија заслужува да биде пофалена затоа што е исклучително паметна“, додаде Натали.

Офелија се наоѓа на врвот од 0,03 проценти од популацијата земајќи ги предвид нејзините интелектуални способности. Таа оствари подобар резултат од единаесетгодишната Арнава Шарма и дванаесетгодишниот Раул Доши, кои досега ја поседуваа титулата најпаметни деца во Велика Британија, со измерен коефициент на интелигенција од 162.