Наскоро нова сезона од „American Horror Story“ на FOX – Питерс повторно како психотичниот Тејт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За десет дена, на американската телевизија Fox (FX), почнува емитувањето на осмата сезона од светски популарната серија „American Horror Story“, насловена како „Apocalypse“. Авторот Рајан Марфи на својот Инстаграм профил откри дека Еван Питерс повторно ќе биде во улогата на убиствениот средношколец Тејт, односно неговиот дух.

Во првата сезона од серијата со наслов „Murder House“, Еван Питерс го толкува ликот на психотичниот Тејт кој, облечен во гумено одело, ја силуваше Вивиен, сопругата на неговиот психијатар.

Набрзо после тоа Вивиен роди дете за кое се верува дека е антихрист. Американските медиуми пишуваа дека осмата сезона од „American Horror Story“ може да биде посебно тензична и дека апокалипсата би можела да биде поврзана и со раѓањето на антихристот.

Питерс во третата сезона, со наслов „Coven“, имаше улога на момчето Кајл Спенсер, кого вештерките „го вратија“ од мртвите, а што директно се одрази на неговото однесување и емоции. Со оглед на тоа дека „Apocalypse“ е преодна приказна помеѓу првата и третата сезона, останува нејасно дали Питерс ќе го толкува и ликот на Кајл.

Гледачите во САД, на 12 септември, ќе имаат можност премиерно да ја гледаат првата епизода од осмата сезона на мега-популарната серија на Марфи. Официјално уште не е објавено кога ќе почне емитувањето во Велика Британија, иако се очекува тоа да биде седум дена после американската премиера.

Пред официјалните детали за осмата сезона, Fox најави и деветта сезона од „American Horror Story“, која ќе биде емитувана следната година. Посветените обожаватели на оваа серија тоа го протолкуваа како потврда дека на теоријата дека секоја од сезоните на серијата претставува по еден круг од пеколот од третината од епот „Божествена комедија“ од Данте Алигиери посветена токму на пеколот.