Наседнаа и најпосветените фанови: Конор МекГрегор и обичните минувачи улица (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Експериментот е едноставен – набилдан и со добро извајани мускули батка, кој по ништо не личи на ММА фајтерот и медиумска ѕвезда, Конор МекГрегор, откако со шминка и лажни тетоважи го направија „копија на прочуениот борец“, успеа да ги излаже буквално сите кои го сретнаа додека се шеташе по улица и сврати до уличните отворени теретани.

Никој, во ниту еден момент, ни за миг не се посомнева во автентичноста на појавата на Конор МекГрегор, туку сите збеснаа од импресии поради случајната средба со фајтерот, па побрзаа да маваат селфи со него. Еве ги реакциите на оние најпосветени фанови на Конор на оваа местенка, кој го знаат, за жал, само од интернет.