Home Актуелно Наредбата од Трамп за повлекување на војската од Сирија потпишана од Матис

Наредбата од Трамп за повлекување на војската од Сирија потпишана од Матис

Наредбата која ја издаде американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските воени сили од Сирија беше потпишана од американскиот министер за одбрана во заминување Џејмс Матис, соопшти денес портпаролот на министерството, извршувајќи ја со тоа одлуката на претседателот Доналд Трамп која ја предизвика оставката на Матис минатата недела.

Наредбата е потпишана откако Трамп вчера објави дека ќе го замени Матис два месеци порано од очекуваното. Американски функционери тврдат дека Трамп го направил таквиот потег поради гневот околу критиките на неговата надворешна политика во писмото на Матис за оставката.

„Извршната команда е потпишана“, му соопшти портпаролот на американското министерство за одбрана преку имејл на Ројтерс во порака која не содржела други детали. Потпишувањето беше очекувано.

Високи функционери на Пентагон за Ројтерс соопштиле дека повлекувањето може да почне во следните недели и дека се работи на планот за повлекувањето.

Во средата Трамп соопшти дека ги повлекува американските војници објаснувајќи ја одлуката со цената на ангажманот во животите на војниците на САД и парите на даночните обврзници.

Матис, кој се залагаше за НАТО и традиционалните американски сојузништва што често го доведуваше во конфликт со Трамп, го советувал САД да не се повлекуваат од Сирија, и тоа бил еден од факторите кои придонеле на одлуката за оставка.

Во писмото во кое ја соопшти оставката Матис напиша дека од должноста ќе замине кон крајот на февруари за да остави време за потврдување на неговиот наследник.

Но, американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека ќе го замени Матис со Патрик Санахан уште на 1 јануари.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…