Најстарата личност на светот почина во 118. година од животот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јапонката, Чијо Мијако која беше најстара личност на светот почина во својата 118. година.

Властите од Јапонија соопштија дека Мијако починала во неделата, а на барање на семејството не се наведени деталите во врска со нејзината смрт.

Родена е на 2. мај, 1901. година, а најстара личност на светот стана во април, по смртта, исто така на Јапонката, 117. година Наби Таџима.

Најстарата личност на светот сега повторно е Јапонка, 115. годишната Кане Танака, соопшти Министерството за здравство.

Најстариот маж на светот е Јапонецот, Масазо Нонако, кој во средата наполни 113. години.