Home Вебкафе Најскапиот чај на светот: Редок чајник продаден за бесни 650.000 евра

Најскапиот чај на светот: Редок чајник продаден за бесни 650.000 евра

Британски колекционер на едно јавно наддавање продаде чајник за неверојатна сума од 650.000 евра.

Чајникот со скршена дршка и без капак бил купен на друга аукција во 2016 година, а тогаш на купувачот му било соопштено дека е направен меѓу 1776 и 1800 година во грофовијата Мидлсекс.

За приказната да биде уште поинтересна колекционерот платил за чајникот само 15 фунти (околу 17 евра). Купувачот, кој се занимавал триесетина години со проучување керамика, претпоставил дека чајникот е изработен во познатата работилница „Ајлворт“ и така можел да ја процени неговата реална вредност.

Експертот од аукциската куќа „Вули и Волис“, откако му бил покажан чајникот, утврдил дека е изработен од Џон Бартлем, а неговите производи се многу ретки на пазарот.

Досега се пронајдени само шест порцелански предмети изработени од Бартлем, па затоа и овој чајник достигна астрономска цена од 575 илјади фунти, односно 653.740 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…