Најскапата автомобилска регистрација на светот – табличка од 24 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некој во Калифорнија понудил регистарска табличка на која пишува „MM“ преку пазарот OpenSea NFT по цена од 5888 етериуми, што е нешто повеќе од 24 милиони долари.

Објаснувањето за толку високата цена го дава самиот сопственик, кој забележува дека едноцифрените таблички во Калифорнија дури и не постојат, додека двоцифрените се вистинска реткост. ММ, наводно, ги означува иницијалите на Мајкл Модецки, продавачот на табличката. Отворена е посебна страница посветена на оваа регистарска табличка, а можете да ја најдете овде.

Доколку успее да најде купувач, тоа ќе биде најскапо платената регистерска табличка во историјата, но и неверојатен скок во однос на претходниот рекорд, особено кога се во прашање САД. Најскапата регистарска табличка што се продава јавно во САД е онаа со ознаката „6“, во Делавер. Исплатени се „само“ 675.000 долари. Да потсетиме, има и регистарска табличка на која пишува „Њу Јорк“, а го краси старото Волво и се продава за околу 20 милиони долари.