Најсекси презентерската на временска прогноза – некогаш и денес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мексиканската презентерка на временската прогноза, Јанет Гарсија, на Инстаграм објави фотка стара седум години и покажа колку е сменет нејзиниот изглед оттогаш до денес.

„Пред седум години…Труд, посветеност и дисциплина! Секое достигнување почнува со одлуката да се обидете. Ова е резултат на дисциплина…Ништо не може да се купи само со пари. Ако можам јас, можете и вие“, напиша згодната Мексиканка која, освен со ТВ презентерство, се занимава и со актерство.

27-годишната убавица на Инстаграм редовно објавува фотографии и снимки од своите тренинзи и не крие дека на големо внимава на здравата исхрана и секојдневното вежбање во теретана.

На Инстаграм ја следат над 5,6 милиони обожаватели, а од многумина е прогласена за најсекси презентерка на временска прогноза на светот.