Овој мартовски четврток времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени. Во Скопје, претпладне претежно облачно со умерен до засилен …