Бившиот полициски генерал и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, преку Фејсбук статус најави повлекување од службата во Министерството за внатрешни работи и реактивирање на неговиот политички ангажман во иднина. „Како претседател во оставка на политичката партија Достоинство, во овој исклучително значаен, чувствителен и пресвртен момент за нашата татковина, момент од кој зависи нејзината иднина како единствена држава на Македонците …