Најмоќната S класа на сите времиња


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Моделот Mercedes AMG S63 хибрид располага со машина од 800 коњски сили. И не, под хаубата не е мотор со 4 цилиндри како кај AMG S63, но не е ни V12. Туку одличен 4,0-литарски V8 битурбо кој е доволно добар за моделите на Астон Мартин.

V8 моторот добива помош од електромотор на задната оска, а го напојува батерија со капацитет од 13,1 киловат часови. Автономијата на возењето на струја е, нормално, скромна, едвај 33 километри, што е доволно да се замолчат еколозите.

Но, затоа е тука монструмот на старите добри фосилни горива. Стариот S63 имаше 612 коњски сили, а новиот со помош на хибридната технологија дава дури 802 коњски сили со 430 њутнметри вртежен момент. Наводно се подготвува и посилна верзија на овој мотор за S65, додека V12 губи на важноста и останува резервиран за мајбах.

Меѓутоа, и покрај драматично поголемите номинална сила и вртежен момент, ефектот на асфалтот не е пропорционален во споредба со стариот S63.

Забрзувањето до „стотка“ е скратено од 3,5 на 3,3 секунди. Објаснувањето е во масата. S63 се „здебелил“ дури 525 килограми и сега тежи 2.520 кг.

Од друга страна, хибридната S-класа е значително постартна од мерцедес S580 со 503 коњски сили, па дури и од мерцедес-мајбах S680, последниот со V12 мотор.

Од првиот е побрз од 0-100 км/ч за 1,5 секунди, а од вториот 1,2 секунди.

И, ако се одбере AMG пакетот за возачи, максималната брзина расте од лимитираните 250 на 290 километри на час.

Стандардната опрема ги вклучува сите модерни технологии и системи за асистенција кои ги нуди секоја S-класа, од управување на сите 4 тркала и воздушна амортизација, па сè до некои посебни резервирани за AMG, како маската панамерикана, трапезоидните ауспуси и 21-инчните бандажи.

Кога станува збор за ентериерот, акцентот е ставен на луксузот. Интересно е што не се нуди системот за автономно возење.

Цената не е објавена, но се очекува да биде блиску до цената на мерцедес-мајбах.