Најмалку три убиени лица во оружен напад во болницата во Тулса – напаѓачот се самоубил


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку три лица беа убиени вчера во оружен напад во болница во Тулса, Оклахома соопшти тамошната полиција, додавајќи дека напаѓачот е мртов.

„Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот”, во престрелката во болницата Свети Франциско, објави локалната полиција на Твитер.

Таа претходно извести дека „во текот на попладневните часови“ интервенирала откако „маж со пушка“ влегол во болницата. „Полицијата во моментов ги проверува сите простории во зградата за да се елиминира евентуална закана“, се вели во соопштението, во кое се додава дека „неколку лица се повредени“.

Напаѓачот се самоуби, изјави градскиот советник Џејм Фаулер за локалната телевизија. „Тројца невини минувачи ги загубија животите“, додаде тој.

Американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукањето, соопшти Белата куќа, додавајќи дека внимателно ја следат ситуацијата и им ја понудила сета потребна помош на локалните власти.

Престрелката доаѓа нешто повеќе од една недела по масакрот во училиштето во Увалде, Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители. Масовните пукотници на јавни места се зло што американските власти досега не успеаја да го спречат.