Актуелно

Најмалку 25 убиени во експлозија во суд во Дамаск

Најмалку 25 цивили се убиени а уште десетици се ранети, од кои повеќемина се во критична состојба, во самоубиствен бомбашки напад изведен во старата зграда на Палатата на правдата во квартот ал Хамидија, во историскиот стар дел на сириската престолнина Дамаск.

Според репортерот на сириската службена новинска агенција SANA, бомбашот самоубиец се разнел во Палатата на правдата која е во близина на посетуван пазар. Полициските службеници се обиделе да го спречат сомнителниот но тој успеал да пробие и да го активира експлозивот прицврстен на неговото тело.

Медиумите јавуваат дека точната бројка на жртвите и настраданите уште не може да е дознае, но еден извор од штабот на полицијата на Дамаск за SANA рекол дека се проценува оти станува збор за најмалку 25 убиени и оти се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми.

Репортер на новинската агенција AFP, забележал амбулантни коли и противпожарни возила паркирани пред зградата..

На 11 март во сириската престолнина беше извршен еден од најголемите терористички напади, кога двојниот напад изведен во Стариот град на Дамаск убиени кај гробиштата Баб ас Сагир беа убиени 70 шиитски аџии.

Нападот од средата се случува на шестата годишнина од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад. Она што започна како бунт Арапска пролет за смена на алавитот (шиит) Асад прерасна во брутална конфесионална војна која ги вовлече регионалните и светските сили. Според активистите и ОН досега повеќе од 320.000 луѓе се убиени, а 11 милиони се раселени.

Advertisements
To Top