Се појавија лажни потерници по Павле Богоевски и Стево Пендаровски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во повеќе населби низ Скопје, утрово осамнаа флаери изработени во вид на потерници за предводникот на СДСМ во ИЕ 1 на изборите одржани на 11 декември, Стево Пендаровски, како и за новите пратеници, активистите Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ.

На Се бара за предавство флаерите, вметнати се неколку точки според кои, оној кој што ги изработил тврди дека Пендаровски, Богоевски и Туфегчиќ прифатиле работи кои се противуставни, додека во исто време ниту еден од нив не донел било каква одлука во Законодавниот дом.

Наводните злодела за кои тие се обвинуваат дека се предавници се, според летокот, дека наводно прифатиле официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик, прифатиле редефинирање на државата како вовед во кантонизација и федерализација, прифатиле воведување на казни во висина од 5000 евра за неупотреба на Албанскиот јазик и други шпекулации што периодов се шират низ јавноста.

Не се знае кој ги залепил плакатите, а летоци се оставени во поштенски сандачиња и на автомобили низ населбите каде што тројцата живеат.

Фото: Социјални мрежи