Најлесниот суперспортски автомобил на светот – тежи 750 килограми, а чини…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој примерок на суперспортски автомобил тежи само 750 килограми, што двојно помалку од тежината на конкуренцијата.

Во исто време, неговиот мотор, кој, инаку, доаѓа од погоните на „Audi“, развива околу 500 КС.

За работите да бидат уште поинтересни, овој ѕвер не носи значка на ниту еден голем производител. Напротив, за тоа е одговорен „Donkervoort“ од Холандија.

Автомобилот ја носи ознаката „F22“, а името го добил по ќерката на основачот на компанијата, која е родена на почетокот на годинава, а се вика Филипа.

„F22“ го заменува стариот „D8 GTO“ во линијата на холандскиот производител, но го задржува препознатливиот дизајн со истакнати предни тркала, долга хауба и странични издуви.

Новите карактеристики се подобрена аеродинамика и некои детали, како што е покривот тарга направен од јаглеродни влакна, а автомобилот има и компетентно LED осветлување.

Производителот ветува поголема удобност за патниците во автомобил долг 4,04 m, а во улогата на мултимедијалниот систем е „iPad mini“.

Под хаубата се наоѓа 2,5-литарскиот петцилиндарец на „Audi“ кој произведува 500 КС и 640 Nm. Погонот е на задните тркала, а менувачот е мануелен со пет брзини.

Автомобилот има и диференцијал со ограничено пролизгување „Torsen“. Исто така, треба да се забележи дека цврстината е двојно поголема, и покрај само 70 килограми поголема маса, во споредба со неговиот претходник.

И на крајот перформансите. Достигнува 100 км/ч за 2,5 секунди, достигнува 200 км/ч по 7,5 секунди, а престанува да забрзува на 290 км/ч

Почетната цена на „F22“ е 245.000 евра.