Како и да ви звучи ова, ама, сериозно – носете заштитни маски на отворено ако излегувате кога воздухот е најзагаден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Професорот од клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ, препорачува носење маска за лице со хепа филтер како најдобра заштита доколку граѓаните излегуваат надвор кога воздухот е најзагаден.

Докторот објаснува дека загадениот воздух најмногу ги погодува хронично болните: астматичари, ХОББ болните и оние кои имаат проблеми со дишењето. Тој вели дека и кај здравите луѓе се јавува проблеми со дишење, болки и гребење во грлото и најдобра заштита се маските.

Амбулантите и болничките соби на клиниката за пулмологија се полнат и со пациенти кои имаат компликации од грип и од ковид. Докиќ вели дека изминатите години бројката на вируси и настанки беа пониски токму заради носење на маски во затворени простории.

Часовите кога воздухот е најзагаден да избегнуваат да излегуваат малите деца и хронично болните луѓе, вели пулмологот. Докторите велат дека во период кога децата се на распуст најдобро е да заминат на планина на чист воздух.