Home Актуелно Најголемите производители на чоколадо ги селат фабриките од Европа на Исток

Најголемите производители на чоколадо ги селат фабриките од Европа на Исток

Најголемите произведувачи на чоколадо во светот се насочуваат кон Истокот со цел да го зголемат својот раст, и покрај слабиот интерес за слатки производи во САД и Западна Европа.

Barry Callebaut AG го презема рускиот инфорум и влегува на вториот најголем пазар според обем, на чоколади во светот, соопшти швајцарската компанија, пренесува SEEbiz.

Купувањето е знак на враќање на довербата во раст, откако рублјата падна за 12% во однос на швајцарскиот франк во текот на изминатата година.

Одлуката на Barry Callebaut покажува дека компаниите кои произведуваат чоколадо преминуваат на нови пазари, додека американските и европските потрошувачи ги повлекуваат производите од шеќер во потрага по здрави алтернативи.

Според вториот швајцарски „чоколаден“ гигант, Lind & Spruengli AG, Бразил, Јужна Афрука, Јапонија, Кина и Русија ќе имаат огромен потенцијал во следните години. Половина од 30 до 40 продавници кои треба да се отворат оваа година ќе бида на овој нов пазар, пренесува SEEbiz.

Европа е заситена со чоколадо и е дом на првите десет земји со најголема потрошувачка по глава на жител, според Euromonitor International.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …