Home Вебкафе Најголемиот бран во историјата на јужната хемисфера

Најголемиот бран во историјата на јужната хемисфера

Во вторникот вечерта, во Јужниот океан, научниците забележаа огромен бран со висина од скоро 24 метри, што е еднакво на висината на осумкатна зграда.

Бранот настанал на оддалеченост од 700 километри од Нов Зеланд, а бил снимен од специјална пловка за собирање податоци и изгледал навистина грандиозно.

Океанографот Том Дјурант изјави дека овој бран го срушил претходниот висински рекорд на бран кој изнесувал 22,03 метри, а бил забележан во 2012 година.

„Според нашите сознанија, станува збор за најголемиот досега снимен бран на Јужната хемисфера“, вели Дјурант, додавајќи дека токму Јужниот океан е како некоја фабрика за создавање огромни бранови.

Тој истакна и дека сурферите во Калифорнија за околу седум дена можат да очекуваат овие бранови да стигнат до нивниот брег, но секако, многу пониски.

Најголемиот бран во историјата на планетата Земја е забележан на Алјаска во 1958 година и имал висина од 30,5 метри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…