Најголемиот бел дијамант „The Rock“ потфрли на аукцијата за да стане најскап на светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најголемиот бел дијамант наречен „The Rock“ кој беше понуден на аукција, на наддавањето беше продаден за 17,8 милиони евра, што е помалку од очекуваното и далеку од рекордот во својата категорија.

Скапоцениот камен од 228,31 карати, поголем од топче за голф, „е навистина исклучителен дијамант во облик на круша“, рече Макс Фосет, шеф на одделот за скапоцени камења во аукциската куќа Кристи во Женева.

Истиот бил ставен на продажба од неименуван северноамерикански сопственик и се очекувало да биде продаден за 19 до 28 милиони евра. Фосет рече дека има само неколку дијаманти со слична големина и квалитет како Карпата.

Рекордот на Кристи за сличен бел дијамант е 33,7 милиони долари за скапоцен камен од 163,41 карати во 2017 година. Карпата бил изваден од рудник во Јужна Африка во раните 2000-ти и прикажан во Дубаи, Тајпеј и Њујорк пред да се продаде во Женева.

На аукција се најде и интензивниот жолт дијамант поврзан со Црвениот крст повеќе од еден век, кој ќе добие дел од профитот од неговата продажба. Продаден е за 14,3 милиони швајцарски франци.

Дијамантот на Црвениот крст од 205,07 карати е жолт скапоцен камен во облик на перница. Се очекуваше да се продаде за седум до 10 милиони швајцарски франци. Каменот бил пронајден во 1901 година во рудникот Де Бирс во Јужна Африка и наводно тежел околу 375 карати.

Освен што е еден од најголемите дијаманти во светот, впечатлива карактеристика е неговиот долен дел, кој природно има облик на малтешки крст. Скапоцениот камен за прв пат беше ставен на продажба на 10 април 1918 година во Кристи во Лондон. Бил понуден од Diamond Syndicate за да му помогне на Британското друштво на Црвениот крст и Редот на Свети Јован.