Home Спорт Најголемата грешка на Барса: Играчот не ја помина пробата, сега го бараат за 70 милиони!

Најголемата грешка на Барса: Играчот не ја помина пробата, сега го бараат за 70 милиони!

Барселона во своето славно минато ги направи некои од најголемите и најдобри трансфери, како на пример Самуел Ето и Роналдињо, кои дојдоа за релативно мали пари, а потоа станаа едни од најдобрите во светот.

Но, и покрај фактот што имаа одлични избори кога се трансферите во прашање, сепак раководството на каталонскиот клуб знае да направи и катастрофални грешки. Барса направи големи грешки со пуштање на млади фудбалери кои подоцна станаа светски ѕвезди, но и со непотпишување на играчи кои им биле пред нос.

Еден таков играч денес е најголема желба на Барселона. Не така одамна бил окарактеризиран како недоволно добар за Барса после пробата која ја имал во „Ла Масија“, а неговото име е Кристиан Ериксен.

Денес Ериксен е еден од најдобрите играчи за врска во Европа, и архитект на играта на Тотенхем кој се бори за титулата во Премиер лигата. Данецот е најголема летна желба на Барселона бидејќи сметаат дека е соврешен за нивниот стил на игра – одлично се движи, не губи топки, има соврешен преглед и беспрекорен последен пас. Одлично изведува прекина, а активен е и во дефанзива – се она што и треба на Барса.

Ериксен е моментално најдобриот асистент не само во Премиер лигата, туку и во Европа, а доколку Барса сака да го донесе на „Камп Ноу“ ќе треба да издвои цели 70 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…