Home Актуелно Најавено најголемото и најмасовно вработување во авиокомпанијата „Виз Ер“

Најавено најголемото и најмасовно вработување во авиокомпанијата „Виз Ер“

„Виз Ер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа денеска ја најави најголемата кампања за вработување во својата историја.

По 13 години консолидирање на водечката позиција на пазарот на Централна и Источна Европа, „Виз Ер“ ќе отвори речиси 1.300 нови работни места во наредната година, благодарение на доаѓањето на 21. нов авион Аирбус А320 и А321 до крајот на 2018 година, како и на вклучувањето во сообраќај на 11 сосема нови авиони. Со тоа тимот на „Виз Ер“ ќе брои повеќе од 4.500 вработени.

Вкупно 400 избори за пилоти и кабински екипаж ќе бидат организирани во 25 земји во Европа до крајот на 2018 година.

Експанзијата на авиокомпанијата и можноста за вработување нема да заврши со ова, бидејќи „Виз Ер“ планира двојно да ја зголеми својата флота на повеќе од 160 авиони до крајот на 2024 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…