Награда МЕНАДА за врвни остварувања во областа на танцот – ТАНЦ ФЕСТ 2019


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овогодинешната, јубилејна награда МЕНАДА за врвни остварувања во областа на танцот, оди во рацете на госпоѓата Зао Шји, кинеска короеграфка, танчерка и уметничка директорка на Интернационалниот фестивал „The New“ од Пекинг Кина.

Зао Шји е една од извонредната генерација на современи кинески уметници од областа на тaнцот, се школува на Минзу универзитетот во Пекинг, Кина, а магистрира на „Тиш школата за уметност“ при Њујорк Универзитетот во Њујорк, САД. Таа интензивно работи на развојот на кинеската современа танцова сцена, со основање на „Y Art Studio“ за современ танц, како и основање на Интернационалниот фестивал за современ танц „ The NEW“ во Пекинг, Кина. Член е на Кинеската асоцијација на танчери и визитинг професор на универзитетот Вебстер во САД.

Како танчерка Зао Шји настапува во САД, Австралија, Хонг Конг, Макао и во повеќе земји низ Европа. За време на престојот во Њујорк, каде магистрира, Зао Шји работи под менторство на познатите американски кореографи Дебора Џовит и Кејт Веар. За извонредноста во интерпретацијата во Њујорк добива стипендија и ја освојува наградата „Tisch Achievement Award “

Зао Шји е добитник на голем број награди за танц во Кина и надвор од неа. Нејзините изведби и кореографии добиваат први награди на национални натпревари на професионалната танцова сцена во Кина, како „Taoli Cup National Dance Competition “ и „Lotus Awards“ натпреварот, на Министерството за култура на Кина. Номинирана е за титулата „Најдобар млад танчер на Кина“ на „Уметничкиот фестивал на Азија“ во Сингапур.

За „Beijing 9 Contemporary Dance Theater “ од Пекинг Кина, Зао Шји ја креира претставата „Moth “. Исклучителната авант-гардна уметничка перспектива која Зао Шји ја поседува, допринесува да добие ангажман од Пекингшката опера, за да создаде современи интерпретации и креации за нив, серија на дела кои добиваат домашни и странски награди.

Во 2014 година Зао Шји го оснива Интернационалнито фестивал „ The NEW“ во Пекинг, Кина во сорабтка со Чаојан културниот центар и „Beijing 9 Contemporary Dance Theatre“. Како уметнички директор таа создава програмаи во кои претставува реномирани танцови компании на светско ниво. Во изминатите изданија на фестивалот таа претставува преку 100 инетрнационални уметници и е домаќин на преку 10.000 учесници во програмите и публика која ги следи истите. Фестивалот има посебна посветеност во претставување на земјите од источна Европа и е еден од највлијателните фестивали за современ танц во Кина.