Home Актуелно Нафтата со речиси највисока цена во последните 17 месеци

Нафтата со речиси највисока цена во последните 17 месеци

Цените на нафтата на светските берзи достигнаа вредност која е близу највисоките нивоа во последниве 17 месеци.
Северноморскиот брент минатата недела поскапе за 1,6 отсто, достигнувајќи цена од над 55,20 долари за барел, додека вредноста на американската „лесна“ нафта порасна за 0,8 проценти на речиси 52 долари за барел.
Ваквиот раст следи по одлуката на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на дневното производство на енергенсот од 1 јануари 2017 година за 1,2 милиони барели.
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…