Надлежните прогласија епидемија на мали сипаници во Дебар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Дебар се регистрирани 17 случаи на сипаници, а постои сомнеж за појава на уште четири други случаи во текот на вчерашниот ден, поради што во овој град беше прогласена епидемија на мали сипаници.

Поголемиот број од заразените се на возраст над 30 години кои примиле една доза од вакцината против сипаница. Меѓу заразените се и едно дете помало од една година и уште едно над година. Тројца од заразените се дел од лекарскиот персонал на Дебар, односно една болничарка, административен работник и хигиеничарка.

Од Институтот за јавно здравје повикуваат на вакцинација против оваа заразна болест.

Годинава во Македонија се регистрирани 28 случаи со морбили. Покрај во Дебар, поединечни случаи има и во Скопје, Прилеп,Тетово и други градови.  Епидемија на мали сипаници има речиси во цела Европа. Во Србија и Албанија има и починати.

Инаку станува збор за сериозно заразно заболување кое многу брзо се шири и предизвикува сериозни здравствени компликации.